Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откако сопругот ја натепал поради неверство, го пријавила „швалерот“ дека ја силувал - велешанка доби условна казна за лажно пријавување

Откако сопругот ја натепал поради неверство, го пријавила „швалерот“ дека ја силувал - велешанка доби условна казна за лажно пријавување

И тоа се случува. Младата велешанка која пред извесен период пријави дека е силувана и претепана доби судска разврска, но не како што се очекуваше. 

Осудената не била силувана туку доброволно имала секс, а ќотек добила од мажот и кога дознал дека го изневерила, пишува порталот Досие. 

Настан кој мината есен предизвика многу реакции по социјалните мрежи, со бројни коментари, доби судска разрешница, но не како што пријавиле жената, туку спротивно. Ниту таа била силувана, ниту тепана од пријавенот.

Велешанка доби условна затворска казна оти лажно пријавила дека е силувана. Во Основен суд Велес, жената е осудена за „лажно пријавување кривично дело“. 

При истрагата било утврдено дека  жената, доброволно имала секс во еден од хотелите во околината на Велес а откако дознал за тоа, нејзиниот сопруг ја натепал. И здобиените повреди не биле од лицето кое било пријавено дека ја силувал, туку од сопругот.  

За потсетување дека на 28.09.2020 година во СВР Велес, жената пријавила дека  е силувана, иако знаела дека тоа не е сторено. Во  полиција потпишала Записник за примање пријава дека на ден 20.09.2020 година заедно со нејзината пријателка, отишла во хотел во околината на градот,  каде претходно биле договорени да се најдат со момчето на нејзината пријателка и со НН лице. 

Откако пристигнале во хотелот,  оштетената се сликала со НН лицето, пријателката  заедно со нејзиното  момче заминале во една од собите додека оштетената заедно со НН лицето заминале во една од собите во хотелот и откако влегле во собата во која мислела дека само ќе пијат кафе, лицето. ја натерал да се соблече со цел да имаат сексуални односи на што истата се спротивставила. Поради што  лицето  со употреба на физичка сила со  неколку удари со раце во пределот на бубрезите и сериозна закана ја натерал да се соблече, извршил обљуба врз неа, било наведено во пријавата.

Слично

Поврзани вести