Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откако СЈО се наслуша „бомби“ ќе советува за законот за прислушкување

Откако СЈО се наслуша „бомби“ ќе советува за законот за прислушкување

Владата на Република Македонија во подготовката на новиот закон за следење на комуникациите ќе го вклучи и Специјалното јавно обвинителство кое беше формирано токму врз база на материјалите од прислушуваните разговори со цел да ги истражи и поведе кривични постапки. 

„Владата ја разгледа и усвои предлог-одлуката за дополнување на Одлуката за формирање работна група за изготвување и следење на имплементацијата на Планот за реализација на препораките на група високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите“ соопштија од Владата.

Сега СЈО откако се изнаслуша „бомби“ ќе даде свое мислење како треба да се користат посебените истражни мерки со следење на комуникациите, која институција ќе дава наредби, која ќе ги извршува наредбите, како ќе се гарантираат човековите права, како ќе се обезбеди правична постапка и како ќе се ограничи моќта на власта од можни злоупотреби на системите за политички или лични цели.

Слично

Поврзани вести