Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОТКАКО СЕДНА ВО ПРЕМИЕРСКА ФОТЕЛЈА, МИЦКОСКИ СМЕНИ ЛЕНТА ПРЕКУ НОЌ“: СДСМ вели Власта призна дека проектите кои ги водевме се добри

„ОТКАКО СЕДНА ВО ПРЕМИЕРСКА ФОТЕЛЈА, МИЦКОСКИ СМЕНИ ЛЕНТА ПРЕКУ НОЌ“: СДСМ вели Власта призна дека проектите кои ги водевме се добри

Сè што кажа Христијан Мицкоски, секое негово ветување додека беше во опозиција се покажа како голема лага и измама. Граѓаните гледаат дека Мицкоски како премиер прави сè, ама буквално сè обратно од тоа што го говореше и го ветуваше пред изборите.

Ова го посочуваат од опозициската СДСМ, кои преку соопштение се обратија до јавноста околу проектите кои самите ги започнаа, а за кои сегашните владини претставници претходно „фрлаа камења“ по нив. 

- Кога беше во опозиција Мицкоски на сите ѕвона го прогласи договорот со „Бехтел и Енка“ за „историски криминал“ и тврдеше дека е „спорен по сите основи“.

Е ама откако седна во премиерската фотелја смени лента Мицкоски преку ноќ. Сега наеднаш Мицкоски го фали истиот тој договор со „Бехтел и Енка“, гордо кажува дека е добар за државата, раскажува колку биле значајни проектите за изградба на Коридорот 8. 

Вчера едно-денеска друго, толку многу превртливост има во изјавите на Мицкоски што неговото лажење на народот се сведува на ниво на политичка перверзија - нагласуваат од СДСМ. 

Од партијата, додаваат дека односот кон договорот со „Бехтел и Енка“ е уште една потврда за лагите кои ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги пласираа во опозиција. 

- Но, најважно е дека ова е признание дека стратешките проекти кои ги водеше СДСМ, како овој со изградбата на Коридорите 8 и 10, биле добри и дека сега оваа Влада ќе продолжи да ги реализира - потенцираат од СДСМ. 

Слично

Поврзани вести