Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОТКАКО ПУКНА АФЕРАВА ЗА ФИТР, ДОБРО Е ШТО НЕ ОДБИЈА, МЕСТОТО НЕ НИ Е МЕЃУ ТАА БАНДА КРИМИНАЛНА“: Д-р Лазаров за време на ковидот отишол со проект во ФИТР, еве го искуството

„ОТКАКО ПУКНА АФЕРАВА ЗА ФИТР, ДОБРО Е ШТО НЕ ОДБИЈА, МЕСТОТО НЕ НИ Е МЕЃУ ТАА БАНДА КРИМИНАЛНА“: Д-р Лазаров за време на ковидот отишол со проект во ФИТР, еве го искуството

Откако беше објавено дека 60 компании со фиктивни проекти направиле „дупка“ од 3,2 милиони евра во Фондот за иновации. Информацијата денеска на прес-конференција ја oбелодени в.д. директорот на Фондот, Никола Додов, кој сподели дел од наодите на внатрешната ревизија во институцијата, која е сè уште во тек. Тој најави кривични пријави и други правни мерки против компаниите кои ги направиле злоупотребите. , се огласи и докторот Ненад Лазаров, кој со подготвен проект за време на ковидот, отишол во ФИТР, за заштитна опрема во ковидот. На социјалните мрежи го сподели искуството.

„Во 2021 во сред ковид пандемија, отидовме со проект пред ФИТР

"Институт за 3Д Медицински принт и напредни технологии" со спремна екипа медицинари, инженери, програмери, кремот на ова поле од државата, да не разбереа и поддржеа ќе бевме во топ 10 земји кои работат ваква наука, на ниво заедно со Mayo Clinic!

Обединивме повеќе од 200 поединици со 200 3D принтери на различни локации синхронизирано и БЕСПЛАТНО да одработат 3D принтана заштитна опрема во ковидот, НЕМА СЛИЧНА АКЦИЈА ВО СВЕТОТ!

Сега откако пукна аферава за ФИТР ми е многу подраго што бевме (одбиени)О******И зошто местото не ни меѓу таа банда криминална а државата несозреана за било каква напредна мисла.

Немам од проектната документација ништо освен овој драфт на слободна рака, во афект по состанокот во ФИТР се исфрлив.“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести