Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откако повеќе лица се фотографираа со мали лавчиња, полицијата приведе 31 годишен кумановец

Откако повеќе лица се фотографираа со мали лавчиња, полицијата приведе 31 годишен кумановец

Кумановецoт С.А.(31) вчера e приведен поради чување диво животно. 

За лицето постои основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено ловење, чување и отуѓување диви животни. По претходно добиени сознанија за незаконско чување диво животно, полицијата презела активности, а по добиена судска наредба извршила претрес на три локации во Куманово. Со кумановецот е извршен службен разговор и против него е поднесена кривична пријава. Се преземаат и дополнителни активности за целосно расчистување на случајот.

Неодамна од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ побараа полицијата да реагира затоа што луѓе од Скопје и Куманово се фотографирале и објавувале фотографии со мали лавчиња кои ги чуваат како домашни животни. 

Тие прашаа кој дозволил влез на младенчиња од лав во државата. 

Слично

Поврзани вести