Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откако почина заразена жена која „фантом“ лекар ја лекувал дома, ДСЗИ повика пациентите за секоја терапија да бараат „црно на бело“

Откако почина заразена жена која „фантом“ лекар ја лекувал дома, ДСЗИ повика пациентите за секоја терапија да бараат „црно на бело“

Лице заразено со коронавирусот починало по лечење дома, а ДСЗИ предупредува на внимателност. 

Станува збор за жена заразена со коронавирусот која починала во ковид-центар неколку часа по приемот, откако претходно една недела засега непознат лекар во домашни услови и давал инфузија. 

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат предупредуваат пациентите да не прифаќаат никакво домашно лечење, освен ако немаат препорака за тоа од матичниот лекар. Вели дека после секоја терапија треба да добијат „црно на бело“ што примале. 

„Од инспекторатот известуваат дека добиле претставка од здравствен работник, за починато лице инфицирано со Ковид 19, кое по утврдената дијагноза од матичен лекар, по 14 дена од инфекцијата, дошло во Ковид центар, во многу лоша здравствена состојба и починало на само неколку часа по приемот. Роднините потврдиле дека починатото лице било лекувано дома и дека биле давани инфузии, иако  матичниот лекар препорачал само антибиотска терапија. Семејството нема никаков извештај за тоа кој ја давал терапијата, ниту што било давано“, велат од ДСЗИ. 

Директорката на инспекторатот д-р Ирина Бухова, вели дека апелот го упатуваат со цел да ги заштитат граѓаните и нивното здравје.

Слично

Поврзани вести