Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТКАКО ПАЦИЕНТ ПОЧИНА ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА: Taравари го разреши директорот Стефан Трајановски

ОТКАКО ПАЦИЕНТ ПОЧИНА ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА:  Taравари го разреши директорот Стефан Трајановски

Откако почина пациент, министерот за здравство, Арбен Таравари го разреши директорот на Општата болница во Куманово, д-р Стефан Трајановски.

Одлуката следува по објавените информации во медиумите за случајот со 32-годишниот пациент, Ведат Адеми, кој починал откако му била администрирана венска терапија што содржела аналгин, иако имал алергија на оваа супстанца, што довело до анафилакса.

Таравари денеска потврди дека одлуката за смена на директорот е донесена врз основа на извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, кој утврдил одредени неправилности во работата на болницата. Но, министерот не прецизираше за какви конкретни пропусти станува збор.

Смртта на Адеми ќе ја истражува експертски тим, а за тоа наредба дал лично министерот за здравство Таравари. 

Ведат Адеми е роден во 1992 година, а починал завчера, и според сведоштвото на неговиот татко, смртта настапила од анафилактичен шок во болницата во Куманово, по примена терапија, иако во здравствена книшка стои дека е алергичен на аналгин.

Слично

Поврзани вести