Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТКАКО НАРОДНИ ИЗБРАНИЦИ СТАНАА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: Собранието доби тројца нови пратеници

ОТКАКО НАРОДНИ ИЗБРАНИЦИ СТАНАА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: Собранието доби тројца нови пратеници

Собранието попладнево ги верифицираше мандатите на тројцата нови пратеници: Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов.

Тие доаѓаат на местото на поранешните пратеници кои беа избрани за градоначалници на локалните избори: Бети Стаменкоска-Трајкоска во Кисела Вода, Јане Мицевски во Сопиште и Дејан Проданоски во Прилеп.

Пратеникот Мартин Стојановски влегува во Собранието на местото на Игор Никовски, кој претходно ја известил Државната изборна комисија (ДИК) дека не го прифаќа освоениот мандат.

Слично

Поврзани вести