Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТКАКО НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ: Заев ноќеска објасни зошто засега ги одложува оставките

ОТКАКО НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ: Заев ноќеска објасни зошто засега ги одложува оставките

Доцна синоќа по завршувањето на заседавањето на партискиот врв на социјалдемократите, последен изјава за медиумите прв пат откако најави дека ќе даде оставки на лидерското место во СДСМ, но и во владата, премиерот Заев објасни зошто засега останува на челните позиции.

Неговото очекување, како што потенцираше е стабилизирање на мнозинството а тој останува да помогне за да се одржи истото и по можност да се зголеми.

-Овие напори се токму затоа. На 31 октомври кажа дека ќе останам за да помогнам, за државата д ане се врати по стариот пат и во минатото со што ќе се загрозат евроатланските процеси. Повторувам, кажав дека останувам во овој период за да се посветам и да помогнам да се одржи мнозинството, кое ќе видиме деновиве дали ќе може и да порасне, кажа Заев кратко пред медиумите.

Раководството на партијата одлучи Заев да ја одложи оставката

Одлучено е премиерот да ја одложи оставката на неодредено време поради „моментумот“ во кој се наоѓа државата.

Централниот одбор на владејачката СДСМ синоќа одлучи лидерот на таа партија и премиер на Македонија Зоран Заев да ја одложи оставката на двете функции, изјави синоќа високиот функционер на СДСМ Перо Костадонов. По седниците на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, Костадинов пред новинарите изјави дека највисокото раководство на партијата едногласно донело одлука за одложување на оставките на претседателот и премиерот на СДСМ на неодредено време поради државниот „моментум“ и претстојниот клучен период Европски и демократски процеси.

„ЦК препорача и одлучи да се одложат оставките на премиерот и претседателот на партијата. Пред се, не смееме да дозволиме како држава нови години на назадување, нови години во кои демократскиот капацитет ќе биде нарушен пред европските можности што се отвораат пред нас. Парламентарното мнозинство треба да го продолжи патот. Државата не смее да се откаже од тие процеси и политики“, рече Костадинов.

Иницијатива за доверба на Владата

Како што истакна високиот функционер на СДСМ, оваа држава и по долги години продолжува да се гради според демократските вредности, во наредниот период ќе работи во интерес на граѓаните и да спречи нова криза и ретроградни процеси.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, кој во недела на 31 октомври најави дека ќе поднесе оставка од двете функции поради поразот на локалните избори, на седниците беше пречекан со аплауз и скандирање „Зоки, Зоки“ синоќа.

Новото парламентарно мнозинство, договорено во петокот од македонските опозициски партии ВМРО ДПМНЕ и Левица и Албанската Алијанса за Албанците и Алтернатива, со помош на претставници на владејачкото Движење Беса, вчера во Собранието поднесоа барање за недоверба.

Слично

Поврзани вести