Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откако му се влошила состојбата Чавков е пренесен во приватна болница во Скопје

Откако му се влошила состојбата Чавков е пренесен во приватна болница во Скопје

Екс директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков е пренесен во болница. 

Откако ноќта ја поминал во штипската модуларна болница, попладнево е однесен во приватна болница во Скопје. Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров за МИА потврдува дека вчера откако му се влошила здравствена состојба на Чавков и имал ниска сатурација при прегледот од затворскиот лекар, веднаш е хоспитализиран во модуларната болница, каде што добил и постојана кислородна поддршка. На барање на семејството и по препорака на штипските инфектолози Чавков е спроведен до приватната болница на болнички третман.

Во штипскиот Затвор деновиве кластерот се зголеми со уште двајца новозаразени осуденици, со што бројката се искачи на седум. 

Слично

Поврзани вести