ОТКАКО ЈАВНОСТА СЕ ЈАВИ СО КРИТИКИ: СДСМ предлага измени на Законот за патни трошоци
Поради патните трошоци првично беа негативно критикувани пратениците од ВМРО ДПМНЕ додека пратениците кои се бунтуваа на истата тема, скршнаа од патот и го фатија правецот на колегите опоненти.
Јавноста со жестоки реакции и критики не остана должна ни за едните ниту пак за другите.
Народните избраници не треба да си дозволат кикс и да се алчат за пари...вака некако изгледаа повеќето негативни критики упатени на адреса на дел од пратениците кои земале големи суми патни трошоци.
По овие реакции очигледно владеачката СДСМ размислила па токму оваа пратеничка група со иницијатива предлага намалување на патните трошоци кои ги земаат пратениците.
Томислав Тунтев од СДСМ информираше дека се поднесени два предлог-закони за дефинирање на патните трошоци и престојот на пратениците.
Измените се однесуваат на законот за плати и надоместоци и законот за пратеници, а се предложува висината на сумата за патни трошоци да изнесува најмногу 20% од цената на горивата.
Наплатата според овој предлог закон би се вршела само со фискална сметка која е платена од личната картичка на пратеникот, за да се отстранат како што објасни Тунтев, сите сомнежи дека пратеникот би можел да носи и фискални сметки кои од други лица.
