Откако избега пишуваше само на Фејсбук, денес Груевски ќе го видиме и на телевизија
Повеќе од два месеци екс премиерот Никола Груевски е недостапен за јавноста. Неколкупати можевме да го видиме како шета низ Будимпешта благодарние на убгарските медиуми, или пак ќе и се обратеше на јавноста преку Фејсбук профилот.
Денес според најавите Никола Груевски ќе се појави во вестите на сител.
Сител најави дека Груевски ќе биде дел од вестите во 16 часот односно вклучување во живо од Будимпешта во првиот информативен појас.
Што има да каже Груевски останува да видиме попладнево.
Имено, почесниот претседател на ВМРО ДПМНЕ доби политички азил од неговиот пријател и премиер на Унгарија Виктор Орбан.
Последниот статус на Фејсбук нГруевски го напиша на 10 јануари. Тогаш пишуваше за Преспанскиот договор а она што ќе го каже денес ќе го пренесеме поле 16 часот.
