Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТКАКО ИМ ПРОПАДНАА ЗДЕЛКИТЕ СО АРСОВСКА, ВМРО ГИ МАЛТРЕТИРА СКОПЈАНИ: опозициска СДСМ распали за јавниот превоз

ОТКАКО ИМ ПРОПАДНАА ЗДЕЛКИТЕ СО АРСОВСКА, ВМРО ГИ МАЛТРЕТИРА СКОПЈАНИ: опозициска СДСМ распали за јавниот превоз

Јавниот превоз во главниот град утрово беше причина да реагираат од опозициската СДСМ. За неорганизираноста и доцнењето на автобусите во Скопје тие ги посочуваат ВМРО-ДПМНЕ за главни виновници, особено за одлагањето и опструкциите во граскосто Собрание за набавката на автобуси. 

- Се случува тотален хаос со јавниот превоз во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го доведе ЈСП во катастрофална состојба.

Автобусите доцнат често и воопшто ги нема, по топлото време граѓаните со часови губат време и не можат навреме да стигнат никаде.

Во преполни автобуси луѓе колабираат, интервенира брзата помош, а возењето со распаднатите кинески автобуси е ризично и небезбедно. Секој ден има немили настани.

ВМРО-ДПМНЕ со години не набавува нови автобуси, само заради теснопартиски интереси - напишаа од СДСМ во утринското соопштение испратено до медиумите. 

Потоа истакнаа „откако им пропаднаа зделките со Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ буквално ги малтретираат Скопјани“.

- Во Советот на Град Скопје токму советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат работата на градот, сами ги блокираат проектите кои заедно со Арсовска ги ветуваа, како набавка на нови автобуси.

После катастрофата којашто му се случи на Скопје со Коце Трајановски, Скопје 2014 и набавката на кинеските автобуси кои се распаѓаат, сега ВМРО-ДПМНЕ приредува нова катастрофа.

Со блокади ВМРО-ДПМНЕ сака да го уништи ЈСП на кое му фалат 50 автобуси само за да функционира.

Цената за ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја плаќаат граѓаните на Скопје - истакнуваат од опозициската СДСМ. 

Слично

Поврзани вести