Откако го привеле во станица, Американец нападнал тројца полицајци
Американски државјанин на возраст од 42 години со тупаници нападнал тројца полицајци во станицата во Кисела Вода.
Инцидентот се случил утринава кога странскиот државјанин е приведен во Полициската станица во Кисела Вода за претходно сторен прекршок против јавниот ред и мир.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишен државјанин на САД, кој, откако е приведен во полициска станица, нападнал тројца полицајци и ин нанел телесни повреди.
Против него ќе биде поднесена пријава за кривично дело – напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За него се бара притвор.
Слично
