ОТКАКО ГИ „ПОДБРА“ КОСТАДИНОВ, ДОЈДОА И СИ ИСЧИСТИЈА: „Кога се сака- се може“, вели градоначалникот на Струмица
Само неколку часа откако градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, јавно им даде наредба на полуматурантите, наставниците и директорите на училиштата да си го соберат ѓубрето од плоштадот, по прославата на полуматурата, учениците, наставниците и директорите се организираа и излегоа да си го исчистат ѓубрето.
Со пофални зборови се огласи Костадинов, кој рече дека е горд на нив.
„Кога се сака – се може.
По јасно издадениот АПЕЛ, за помалку од еден час, учениците, наставниците и директорите се организираа, се вратија на градскиот плоштад и ја исправија грешката. Плоштадот повторно е чист, достоинствен и онаков каков што му прилега на Струмица.
Ова ме радува.
Ова покажува дека имаме млади генерации кои знаат да препознаат одговорност, да ја прифатат и да постапат.
На сите полуматуранти им посакувам здравје, среќа и успех.
Нека израснат во чесни и одговорни граѓани, нека бидат пример и надеж за иднината на државата.
Не може да има слобода без ред.
Не може да има прослава без почит.
Струмица расте кога младите учат што значи ред, дисциплина и заедништво.
Ова е патот на напредокот – кога грешката не се крие, туку се исправува. Кога младоста не се расфрла, туку се насочува.
Денес сум горд.
Ова е генерација што положи важен тест – и за себе, и за својот град.
Во Струмица има ред. И така ќе остане“, напиша тој.
Слично
