Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откако е ставен на црната листа на САД, Груевски вели дека претставници на власта лобирале за тоа

Откако е ставен на црната листа на САД, Груевски вели дека претставници на власта лобирале за тоа

Oткако екс премиерот Никола Груевски и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков се ставени на црната листа на САД, на Фејсбук се огласи Груевски. 

Тој вели дека подолго време се говорело за она што денес се објави. Додава дека високи претставници на властите во Македонија не криеле во неформални кругови дека со години лобираат за истото да се случи. 

„Моите долгогодишни напори проблемот со името да се реши на поинаков начин од оној на кој на крајот се реши, одлуките поврзани со мигрантската криза и затворањето на балканскиот коридор во 2016 година и неколку други одлуки со кои се обидував да ги заштитам државните и националните интереси на Македонија иритираа некои земји и ми навлекоа многу противници како што на пример беше Џорџ Сорос, кој вложи многу напори и финансии за соборување на владата која ја предводев. Жалам за одлуката на Стејт департментот која ја објавија денес, а меѓу другите се однесува на мене. Наводите кои се наведени заради кои сум ставен на списокот се неточни информации на кој се подлегнало и во најголем дел произлегуваат од долгогодишниот политички прогон кој се води против мене во Македонија. Од тој аспект чувствувам голема неправда бидејќи работев многу чесно и многу одговорно борејќи се за државните и националните интереси, а при тоа колку што можев се трудев да не ги загрозам интересите на сојузниците на Македонија. Никогаш не работев за личен финансиски или материјален интерес. Ќе продолжам да се борам во правец да ја докажам вистината. Ќе продолжам да се борам за Македонија.“, пишува Груевски. 


САД ги смести eкс премиерот Никола Груевски и екс шефот на УБК, Сашо Мијалков на американската црна листа. 

Американскиот Стејт департмент ги стави на црна листа поранешниот премиер и Мијалков, заедно со семејствата.

Како што се наведува, тие се црната листа поради корупција, односно нивните дела го поткопуваат владеењето на правото, демократските институции, јавните процеси и јавната доверба во владата.

Слично

Поврзани вести