Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отишол во Швајцарија затоа што неговата земја била премала за неговите цели

Отишол во Швајцарија затоа што неговата земја била премала за неговите цели

Работникот во Швајцарија може во секој момент да биде отпуштен и причината да не се каже, но сепак се наведува, вели Крешимир Косановиќ од Сисак. 

Иако е роден во Хрватска и живеел во неколку градови, неговите блиски заминале во Австралија, Германија, Нов Зеланд и тие биле негова врска со светот. 

Во последната година од студиите, тој заминал во Англија и Австралија, а потоа ја запознал идната сопруга, нашол работа како ИТ инженер и се преселил во Цирих. 

„Моја мотивација - Хрватска беше премала за дел од моите желби и цели кои си ги поставив како дете. Заради пари немав причина да заминам. Моето семејство не беше богато, но не ни оскудевавме. Родителите беа академски образовани, имаа добра и сигурна работа“ - раскажува тој. 

Кога дошол во Цирих, Косановиќ не знаел јазик,  но со тек на време научил и вели дека има луѓе од целиот свет кои работат во Швајцарија. 

Вели дека во Цирих има голема конкуренција, а компаниите ги земаат само најдобрите работници. 

Додава дека таму може да се смени работно место, тоа не е ништо лошо и точно се знае кои им се обврските и правата на работниците. 

За оние кои бараат работа во истата земја им советува дека е многу важно да се подготват за разговор за работа и да го презентираат своето CV. 

За оние кои веќе работат им препорачува да го усовршат германскиот и англискиот јазик. 

Слично

Поврзани вести