Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТИШЛА ДА РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: Еве што доживеала во ветената земја

ОТИШЛА ДА РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: Еве што доживеала во ветената земја

Ивона Бедњанец на возраст од 29 години од Славонски Брод,  веќе година дена работи во Германија. 

Работи во Бад Зекинген како поштар. Веднаш добила и автомобил, а работела од 8 до 17 часот. Девојката раскажува дека за кирија морате да имате пари, затоа што се плаќа однапред за три месеци. 

„Повеќето станови не се опремени и мора да купите од игла до локомотива. Седум месеци подоцна јас уште се опремувам“ - вели Бедњанец. 

Таа додава дека не било лесно, но не било ни многу тешко. Сите со кои разговарала за својата работа раскажувале дека првата година е најтешка. 

„Јас се надевам дека секоја следна година ќе биде подобра, макар и иста, само да не биде полоша. Една година е зад мене, а сакам уште многу. Успевам да се разберам на германски јазик, иако не посетувам курсеви, сама научив. Кога ќе го усовршам јазикот, ќе гледам да си остварам некои свои соништа“ - вели таа. 

За 10 месеци шефот ја наградил затоа што добро се покажала. 

„Моето срце е големо како куќа. Не заради еврата, туку заради тоа што го ценат мојот труд“ - кажа Бедњанец. 

Таа студирала, но не станала управен референт затоа што се испишала пред последниот испит. 

Слично

Поврзани вести