„ОТИДЕ ЗА ШЕСТ ОПШТИНИ, ОСТAНА СО ЧЕТИРИ, ЗАВРШИ СО НУЛА“: ВЛЕН остро за 'преселбата' на Таравари
- Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во име на Албанците, но за лични интереси.
Ова е, пред сè, порака до Арбен Таравари, а потоа и до Исен Шабани, кои помислија дека Албанците ќе ги следат во нивните политички игри, менувајќи ги принципите како ситни пари - ова го посочуваат денеска од политичката партија ВЛЕН (Вреди) во соопштението испратено до медиумите.
Тие посочуваат дека резултатите од изборите се сигнал дека менувањето на политичката страна не наиде на прифаќање кај граѓаните.
- Иако се обидуваат да најдат оправдувања, суверенот со овој потег им удри силна шлаканица на политиките на менување принципи за ситни лични интереси.
Таравари отиде за шест општини, остана со четири и заврши со нула - заклучуваат на крајот од соопштението од ВЛЕН.
Фото: Архива/ Фотографијата е направена пред заминувањето на Таравари од коалицијата
