Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отфрлени првите спорни учебници, ревизијата продолжува

Отфрлени првите спорни учебници, ревизијата продолжува

Министерството за образование и наука ќе повлече два спорни учебника за кои според досегашната ревизија е утврдено дека се несоодветни за учениците и затоа нема да бидат дел од наставната програма за новата учебна година.

„Двата учебници нема да се користат во наставата и учениците нема да ги учат спорните содржини. Во меѓувреме професорите ќе продолжат да работат по разработените програми и силабуси” – информираа од министерството.

Станува збор за учебникот по општество за четврто одделение и учебникот по граѓанско образование за осмо одделение, кои предизвикаа бура од реакции во јавноста. 
Во меѓувреме, наставната програма со останатите учебници останува иста, се додека не заврши целосната ревизија и не се најде нивна замена.

Претходно родители и наставници постојано откриваа грешки, како и небулозни тврдења во учебниците кои беа подготвени набрзина и по нарачка на претходното раководство на МОН но, критиките не беа целосно земени во предвид.

Слично

Поврзани вести