ОТЕЖНАТ СООБРЌАЈОТ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД - Неколку возила во дефект, ако можете избегнете го овој дел од градот
Бидете внимателни во сообраќајот во центарот на градот и возете според насоките.
Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известува дека кај стоковна куќа Мост, во насока на движење кон крстосницата помеѓу бул. Гоце Делчев и ул. Стив Наумов во крајната десна сообрачајна лента има возило во дефект.
- Возило во дефект има и на бул. Гоце Делчев во средната сообраќајна лента во насока на движење кон ул. Беласица во непосредна близина на семафорите кај МРТВ - посочува ЦУК.
Оттука ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни ако се приближуваат кон овој потег и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.
Слично
