ОТЕЦ ЦАРКЊАС „ЗДРАВ И ЖИВ СУМ, САМО ВОЗИЛОТО МИ ГО ИСКРШИЈА“: Свештеникот јавно проговори за инцидентот во Грција
Активистот за човекови права во Грција, Stilianos Samartzis (Стилијан
Самарџиев), на негофиот профил на
Фејзбук објави видео заедно со православниот свештеник, отец Никодим Царкњас
кој појасни како е нападнат и од кого.
Вели дека и во 21 век се случуваат вакви инциденти и дека ништо не е тргнато напред, особено нема почитување на човековите права.
-Господ Бог ме спаси. Се заклучив во автомобилот и само задното стакло ми го икршија. Сакаа и мене да ме нападнат, но не успејаа. Здрав и жив сум, вели отец Царкњас во видеото снимено во Св. Злата Мегленска.
Истовремено, овој инцидент го осуди и активистот Самарџиев.
-За кои вредности ми говопри Грција, за кои човекови права, срамота е да се напаѓа 80 годишен човек.
Вчера се огласи и професорката Ана Павловска Данева со остра реакција кон властите, кои според неа за овој инцидент ниту збор не кажаа, додека за случајот со Пендиков, се патувашѓе дури и до Бугарија за да го посетат во болница.
