Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСТАНАА САМО ГОЛИ ЅИДОВИ И ЦРНА ПЕПЕЛ: Пожарот однесе се, само не нашата воља - еве во каква состојба е фабриката „Тила“

ОСТАНАА САМО ГОЛИ ЅИДОВИ И ЦРНА ПЕПЕЛ: Пожарот однесе се, само не нашата воља - еве во каква состојба е фабриката „Тила“

Ќе и возвратиме на судбината со уште поголеми сили и ќе направиме сѐ за да си го вратиме тоа што ни припаѓа нам и вам, објавија денеска од компанијата „Тила“. 

Производителите на детска гардероба кои се меѓу омилените на домашниот пазар, објавија нови фотографии од фабриката, која сега веќе е и целосно разрушена, но и покрај тешкотиите со кои се соочуваат, остануваат посветени да го вратат загубеното. 

- Под ведро небо, целосно разрушени. Останаа само голи ѕидови и црна пепел која ја дишеме секој ден поминат тука меѓу овие ѕидови обидувајќи се да го вратиме она што го изгубивме.

Пожарот однесе сѐ, само не и нашата воља и надеж за подобро утре!

Ќе и возвратиме на судбината со уште поголеми сили и ќе направиме сѐ за да си го вратиме тоа што ни припаѓа само нам и Вам,а тоа е нашата иднина, нашата и Ваша ТИЛА!!!

Ви благодариме уште еднаш на сите за поддршката што ни ја давате! - напишаа сопственицие на официјалниот Фејсбук профил на компанијата. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести