Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТА прислушкувала за СЈО во 2018-та, познати бројките

ОТА прислушкувала за СЈО во 2018-та, познати бројките


Новоформираната Оперативно-техничка агенција изминатата година му излегла во пресрет и ги прифатила барањата на Специјалното јавно обвинителство за прислушкување на осум случаи.

Според годишниот извештај за 2018-та на ОТА; лани се следеле 153 комуникации согласно законските одредби.

Треба да се напомене дека оваа генција која е дел од реформските процеси започна со работа дури од 1 ноември, што значи дека во 2018-та делувала само два месеци.

Според новините што се воведоа во законската пракса, ОТА по налог на судиите само ги вклучува апаратите за прислушкување, додека нема пристап до содржината, односно истата само ја проследува до органот кој барал следење.



Слично

Поврзани вести