Економија, финансии, бизнис

Контакт

Освежување: Денеска нестабилно со дожд

Освежување: Денеска нестабилно со дожд

Уште во 8 часот утринава температурата имаше вредност над 20°С во југоисточниот крај и околу 18°С во останатите места.

Пред нас е претежно сончево претпладне, но веќе од пладне ќе започне постепен развој на нестабилна облачност која попладне ќе донесе дожд и грмежи на повеќе места низ земјава. Локално овие врнежи ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со засилен ветер, информираат од  МЕТЕОПРО.

Во северниот регион врнежите се очекува да продолжат и во вечерните часови.

Максималната температура ќе има вредности околу 30°С во повардарскиот регион, котлините во источниот крај околу 27°С, додека во југозападниот крај до 25°С.

Слично

Поврзани вести