Освен со замор, дали преговорите за името резултираа со нешто друго?
По макотрпни шест часа, Метју Нимиц како и министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, кажаа дека имале долги и тензични разговори, но била направена и позитивна работа, пренесува ТВ24.
Нимиц кажа дека сега преговарачите треба да ги известат своите премиери за договореното, пред средбата на Заев и Ципрас на 17 Мај во Софија.
„Имавме мошне сериозна средба на која се обидовме да го решиме проблемот со името. Можам да ја карактеризирам средбата како многу сериозна, работевме напорно, многу пати тензично. Направивме одредена позитивна работа. Двајцата министри ќе ги брифираат премиерите во подготовките за нивната средба во Софија следната недела на 17 мај. Во основа ова е пораката што ја имам“, изјави Нимиц.
Која е таа позитивна работа и кога ќе се дознаат деталите, останува да почекаме без да се шпекулира.
