Осумнаесетгодишно момче го изгуби животот во својот дом
Осумнаесетгодишно момче од Кочани почина во својот дом.
ОД МВР информираат дека кога В.С. бил донесен во Здравствениот дом во Кочани не давал знаци на живот и веќе бил починат. Родителите го однеле момчето во болница околу 19 часот и побарале лекарска помош, но веќе било предоцна бидејќи момчето било починато.
По наредба на јавен обвинител врз телото на момчето ќе се врши обдукција за да се утврди што ја предизвикало смртта.
Издадена е наредба за да се изврши увид во домот каде што починало момчето.
Слично
