Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осумгодишно девојче од Охрид со тешка сколиоза транспортирано на операција во Истанбул

Осумгодишно девојче од Охрид со тешка сколиоза транспортирано на операција во Истанбул

Осумгодишно неподвижно девојче од Охрид со тешка сколиоза, утрово беше транспортирано со хеликоптер од градската болница „8ми Септември“ на операција во Истанбул. 

Како што информираат, девојчето ќе биде транспортирано до спинален центар во Истанбул заради операција, објави „Фокус“.

 - Имаме протокол. Барањето за медицински хеликоптер се пушта до ЦУК на 112, после тоа барање се препраќа на одделот за воздухопловна единица при МВР. Oткако министерот на МВР одобри и потпише, се испраќа во Министерство за здравство. Министерот за здравство ни пушта барање до директорот на ГОБ „8ми Септември“ да формираме медицинска екипа за транспорт на пациент до определена дестинација со медикохоптер. Тоа е протоколот - наведува Проф. Д-р Христијан Костов, директор на ГОБ 8-ми Септември.

Фото: Притнскрин/Фокус

Слично

Поврзани вести