Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осумгодишно девојче е најдено удавено во базен во Дебарски бањи

Осумгодишно девојче е најдено удавено во базен во Дебарски бањи

Трагедија ја потресе западна Македонија. Девојче синоќа е пронајдено удавено во базен во Дебарски бањи кај село Долно Косоврати. Информацијата ја соопшти Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

„Синоќа околу 20 часот во одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека во Дебарските бањи кај селото Долно Косоврасти забележано е удавено лице. Од извршениот увид констатирано е дека се работи за малолетничка од Гостивар и дека по извршен медицински преглед не се констатирани траги на насилство“, рече Димоски.

Телото на починатото лице е предадено на семејството. Директорот на Општата болница со проширена дејност, Баки Алили вели дека се работи за осумгодишно девојче, кое во Ургентниот центар во болницата е донесено без знаци на живот. Тим од лекари специјалисти се обиделе да го реанимираат детето, но безуспешно.

Слично

Поврзани вести