Осумдневен притвор за закани преку Фејсбук кон кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ
Основното јавно обвинителство информира дека лицето кое му се закануваше на преку Фејсбук кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, добил осумдневен притвор.
Сега веќе притворениот му напиша на докторот дека „и вториот син ќе го најде во ендек“, а актот го осуди и власта. МВР и обвинителството започнаа со истрага на заканата упатена од 27-годишникот.
Против лицето е поведена постапка за загрозување на сигурноста, а во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода на граничниот премин Табановце при влез во државава и приведено на испитување во обвинителството.
„Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор против осомнуичениот. Судијата на претходна постапка при Основнито суд Прилеп го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.“, информира обвинителството.
