Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСУМДНЕВЕН ПРИТВОР: Мерки за петмината приведени за инцидентите во Мала Речица

ОСУМДНЕВЕН ПРИТВОР: Мерки за петмината приведени за инцидентите во Мала Речица

Основното јавно обвинителство Тетово, по поднесена пријава од СВР Тетово, поведе постапка против пет лица за кои постои основано сомнение дека за време на вчерашните протести во градот, го сториле кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.

За четворица од нив постапка се води и за сторено кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност, соопшти Обвинителството.
„Поради потребата од непречено водење на кривичната постапка, особено поради постоење на основано сомнение дека осомничените лица ќе се кријат или дадат во бегство, како и дека постои можност да го повторат кривичното дело, тетовското обвинителство до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничените им е определен притвор во траење од по 8 дена“, се додава во соопштението.

Слично

Поврзани вести