Осумдесет и деветгодишен прилепчанец загина во пожар во викендица
Прилепчанец настрада во пожар во викенд куќа.
Т.М. (89) починал во пожар кој ја зафатил викендичката во која што живеел во околината на градот Прилеп. Утрово во 8,10 часот во прилепската полиција e пријавено дека околу 7 часот настанал пожар во викенд куќа во месноста Бегова ливада. Човекот починал на лице место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид направил јавен обвинител и телото е предадено на семејството, соопштија од полицијата.
Слично
