Осум вработени на фабриката „Макпрогрес“ задржани на Клиниката за токсикологија по пожарот во фабриката
Mинистерството за здравство информира дека по пожарот кој вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогес“ во Виница, осум вработени од компанијата биле префрлени од болницата во Кочани на ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, велат од министерството.
- Денес се во клинички стабилна состојба и поставени се на медикаментозна терапија и дел од нив на кислородна поддршка, а задржани ќе бидат во наредните неколку дена за опсервација, вели Жанина Переска, директорката на Клиниката за токсикологија.
Причината за избувнувањето на пожарот во „Макпрогрес“ ќе се утврди откако целосно ќе биде изгаснат пожарот,по што обвинителот ќе добие пристап до местото.
Градоначалникот на Виница, Миле Петков, рече дека една од можните причини се поставените фотоволтаици во фабриката, но дека тоа е само веројатност засега.
