Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСУМ СКОПЈАНИ НОЌТА ЈА ПОМИНАА ВО ПОЛИЦИЈА - правеле забава во гаража

ОСУМ СКОПЈАНИ НОЌТА ЈА ПОМИНАА ВО ПОЛИЦИЈА - правеле забава во гаража

Полицијата лови и кога се прават прослави во подземни гаражи. Таков случај имало вчера, кога осум лица биле лишени од слобода, а против нив ќе биде поднесена и кривична пријава. 

„На 04.01.2021 во 03.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош ги лишиле од слобода Ф.А.(26), В.С.(32), М.Б.(30), И.С.(28), Д.Д.(34), Ц.С.(32), Д.П.(33) и С.П.(30), поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека осумте лица биле затекнати во подземна гаража на ул.„Анкарска“ во Скопје на организирана прослава, спротивно на мерките и протоколите донесени од Владата на Република Северна Македонија при прогласена кризна состојба за забрана за групирање на повеќе од четири лица, со цел спречување на ширење на коронавирус ковид-19. 

„Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението од МВР.

Слично

Поврзани вести