Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСУМ ПИЈАНИ ВОЗАЧИ „ПАДНАА“ ПО ДОЧЕКОТ НА СТАРАТА НОВА ГОДИНА - еден од уапсените направил и сообраќајка

ОСУМ ПИЈАНИ ВОЗАЧИ „ПАДНАА“ ПО ДОЧЕКОТ НА СТАРАТА НОВА ГОДИНА - еден од уапсените направил и сообраќајка

Осум лица се уапсени поради возење под дејство на алкохол, а еден возач во Битола предизвикал и сообраќајна несреќа, објави Министерството за внатрешни работи. 

Многу граѓани синоќа ја дочекуваат Старата Нова Година, па контролите по завршување на дочекот се покажаа како многу „успешни“. Меѓу уапсените има и такви кои имале многу високо ниво на алкохол во крвта. 
Во еден случај во Битола, веднаш по полноќ, поточно во 00:32 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Филип втори македонски“ и ул.„Батаљон Стив Наумов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(36) од Битола и патничко возило „дачиа сандеро“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(61) од Битола. 
- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „дачиа сандеро“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките Ј.Т.(24) и Ф.Т.(24) од возилото „дачиа“, двете од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола. 
 По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по преземени мерки е констатирано дека возачот на патничкото возило „форд ескорт“ го управувал возилото под дејство на алкохол, односно во организмот имал 1,81 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода - се посочува во објавата на МВР. 
Во текот на ноќта уапсено е и лице во Куманово, исто така поради алкохол. 

- На 13.01.2026 во 23:35 часот на крстосница од ул.„Лесковачка“ и ул.„Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.П.(28) од Куманово. 

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,55 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица - се прецизира во објавата. 

Пијан возач е фатен и во Велес, каде утрово во 00:52 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, бил уапсен В.О.(50). При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шевролет“ со италијански национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,80 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

- На 14.01.2026 во 02:50 часот на ул.„Индустриска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Б.(38) од Неготино. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 13.01.2026 во 19:30 часот на ул.„28 Август“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода Д.Р.(72) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,27 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица - се посочува во објавата. 

Меѓу уапсените се и жители на Кичево, Дебар и Битола. 

- На 13.01.2026 во 21:40 часот на магистралниот пат А2 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода И.К.(44) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,84 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 13.01.2026 во 21:13 часот на ул.„Јусуф Багери“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Љ.М.(60) од Дебар. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,83 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 13.01.2026 во 20:58 часот на ул.„Довлеџик“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.А.(58) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „киа“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,92 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица - се појаснува во објавата. 

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно



Слично

Поврзани вести