ОСУМ НОВИ СЛУЧАИ: Жена од Тетово ја изгуби битката со короната
Во Македонија коронавирусот однесе уште еден живот.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.
Регистрирани се нови 21 оздравен пациент. Во Скопје 8 пациенти, во Куманово 6, во Штип 1, Прилеп 2, Тетово 1, Велес 1, Кочани 1, Македонски Брод 1.
Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи, информира министерот за здравство Венко Филипче.
По градови во Скопје има 3, Битола 1, Велес 4.
Сега вкупната бројка на дијагностицирани со коронавирус во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.
