Осум македонски градови се збогуваа со короната
Во осум македонски градови веќе нема заболени од коронавирусот.
Активни случаи нема во Кавадарци, Ресен, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран. Дојран беше прв град кој се ослободи од вирусот. Крушево, Македонски Брод, Македонска Каменица, Валандово и Свети Николе имаат по 1 случај.
Скопје е на врвот со 183 активни, а Куманово има 49 случаи. Прилеп има 33, а Тетово 28 активни случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 835.436 тестирања на Ковид-19. foto freepik
Слично
