Осум македонски државјани, од кои четири деца, го чекаат МНР за да го напуштат Израел
Осум македонски државјани од кои четири возрасни и четири деца се подготвени веднаш да го напуштат Израел по ескалацијата со Иран на Блискиот Исток, а за тоа чекаат насоки од Министерството за надворешни работи.
Од МНР велат дека се во постојан контакт со Македонскиот Конзулат во Тел Авив и македонските институции, но за сега не множе да се прогнозира кога тие би биле евакуирани бидејќи сега тоа зависи од повеќе фактори.
Неофицијално, како што објави Телма ќе бидат евакуирани со владиниот авион.
Вкупно 22ца македонски државјани побараа помош од МНР да го напуштат Израел.
Слично
