Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осум лица одат во притвор за случајот „Двојник“

Осум лица одат во притвор за случајот „Двојник“

Одреден e притвор за осум лица во случајот „Двојник“. 

Судија на претходна постапка од Кривичниот суд Скопје вечерва го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и одредил мерка притвор за осум лица осомничени за издавање на лажни пасоши во случајот „Двојник“. Мерки на претпазливост им се изречени на двајца од осомничените, додека пак 11-тото осомничено лице е во бегство. Се работи за мрежа за фалсификување на документи.  

Акцијата во останатите земји ја спроведува Интерпол, со цел пронаоѓање на останатите носители на пасоши. 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчера соопшти дека 215 лица, од кои 214 странци и еден македонски државјанин на овој начин успеале да се стекнат со туѓ идентитет. 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во денешниот „Утрински брифинг“, коментирајќи ја аферата „Мафија“, вели дека деветмината полициски службеници кои вчера беа уапсени во меѓународна акција, пасошите со лажен идентитет за наркобосовите ги издавале за пари.

Според Спасовски, еден таков пасош може да се наплати и 20.000 евра.

Слично

Поврзани вести