Осум градови од Балканот во топ најзагадени: На листата сме и ние
Њу Делхи, главниот град на Индија, е најзагаден град во светот во 2018 година, според истражувањето на две мониторинг организации во 61 града. По Делхи, каде живеат 20 милиони луѓе, следуваат главните градови на Бангладеш и Авганистан - Дака и Кабул.
Анализата беше спроведена во соработка со швајцарска група која собира податоци за квалитетот на воздухот ширум светот и меѓународната организација Гринпис.
Според студијата, загадувањето во Њу Делхи е предизвикано од возилата и индустријата, градежништвото, домашниот чад и земјоделскиот отпад.
Во 2018 година содржината на честички во воздухот во еден кубен метар била 113,5 микрограми во Њу Делхи. Ова е двојно поголемо од Пекинг, каде што просечната годишна вредност е 50.9 микрограми. Според тоа, кинескиот главен град е осмиот во светот во однос на загадувањето.
Во Западен Балкан:
10 градови во Западен Балкан - на територијата на Босна и Херцеговина, Македонија и Косово - и четири во Турција имаат нивоа, повеќе од 3 пати повисоки од барањата од СЗО. 8 градови на Балканот се меѓу најзагадените 10% од сите градови во светот.
САД и Канада: историските шумски пожари имаа драматично влијание врз квалитетот на воздухот во август и ноември, а 5 од 10-те најзагадени градови во светот во август се регистрирани во Северна Америка.
