Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осум џамии во Кичево затворени за молитва

Осум џамии во Кичево затворени за молитва

Осум џамии во и од околината на Кичево се времено затворени за молитва во Кичево, објави Телма.

Ваквата одлука ја донела самото муфтивство откако вчер а30 лица беа заразени со коронавирусот од кои 25 се активни, а меѓу нив е и имамот на една градска џамија во Кичево.

- Ние како муфтиство сметавме дека верниците што ја посетуваа џамијата кај што служеше заболениот имам, можаат сега да се распределаат во околните џамии за молитва, па затоа се одлучивме на ваков чекор, пред се да го заштитиме здравјето на верниците, потврдил кичевскиот муфтија Мурат Ефенди Усеини.

Џамиите ќе бидат отворени за петочна молитва со строго почитување на здравствените препораки.


Слично

Поврзани вести