Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСУМ ДЕНА ПРИТВОР: За што се гони Игор Југ?

ОСУМ ДЕНА ПРИТВОР: За што се гони Игор Југ?

Осумдневен притвор му е определен на Игор Југ, кој вчера беше уапсен за собраниските насилства од 27 април. 

ОЈО води истрага против него за кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“, велат од Основното јавно обвинителство. 

Југ е однесен во истражниот затвор во Шуто Оризари. 

Тој вчера беше уапсен во Куманово, во стан на 100-на метри од полициската станица. Според полицијата, при апсењето Југ  не дал отпор. Јавното обвинителство објаснува дека притворот е краток затоа што по крвавите нереди, Игор Југ се барал за дело кое се води по скратена постапка. 

Слично

Поврзани вести