Осудениот убиец на Мартин Нешковски ставен во самица
Игор Спасов, поранешниот припадник на специјалните полициски сили, откако предизвикал инцидент во затворот „Идризово“ е сместен во самица, информираат од Управата за извршување на санкции за sdk.mk.
Претходно проструи информации дека Спасов, кој е осуден за убиството на младиот Мартин Нешковски, вчера се обидел да побегне од затворот Идризово кога се нашол во отвореното одделение, а потоа се вратил во алкохолизирана состојба.
Затворот ја демантираше оваа информација, но дека нешто навистина се случило вчера доволно говори и одлуката тој да биде префрлен во самица.
Управата за санкции чека извештај и потврда од раководството на затворот Идризово за вчерашниот инцидент.
Слично
