Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осудениот Михајловски: „Уставобранителите“ заборавени во затвор пред избори

Осудениот Михајловски: „Уставобранителите“ заборавени во затвор пред избори

Вилијам Михајловски, еден од осудените за упадот во Собранието на 27 април, кој во меѓувреме не беше амнестиран и се уште е во затвор, на својот профил на Фејсбук објави дека „никој од опозицијата“ не му се јавил да го праша како му е, а исто така го изрази своето незадоволство што „Уставобранителите биле заборавени пред избори“.

„Ајде ние 9-мина што го изедовме стапот по скоро 2 години притвор не е битно нели ние сме обични смртници.

Миле Јанакиевски, Спирче, Мирче и компанија дојдат по 1 недела у притвор почнат да цимолат, крокодилски солзи дпмне одма ги вадат неможеле да издржат имале фамилии деца ние сме сами немаме фамилија нели?

За овие 32 месеци мојата фамилија НИКОЈ АМА БАШ НИКОЈ ОД ПАРТИЈАТА НЕ СЕ ИМА ЈАВЕНО ДА ПРАША КАКО СУМ А НЕ ПАК ДА ПОМОГНЕ!!!!“, напиша денеска осуденикот кој е уште познат и како Вили Гајда.

Михајловски претходно напиша дека ниту една политичка партија не застанала зад осудените за 27 април во периодот кога се најавуваат предвремени парламентарни избори.

„Сега вака УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ како што не нарекувате лежиме 9 луѓе 32 месеци наместени од политикантите на дпмне не собра доблест ниту еднаш да излезе и јасно да даде став за НАС.
Првично бевме 33 луѓе за тероризам од 33 "терористи" останавме 9 луѓе во притвор кои бевме спроведувани во суд држани по 17 часа со едно мало лебче и 2 саламички тенки внатрее, лебот замрзнат 5 дена во замрзивач со тоа бевме хранети ние 9-мина додека другите за време на пауза јадеа во ресторани надвор.

ОВА НЕ ГО КАЖУВАМ ДА НЕ СОЖАЛУВАТЕ ТУКУ ЧИСТО ДА ЗНАЕТЕ НИЗ ШТО СМЕ ПОМИНАЛЕ БИДЕЈЌИ ИМА ЛУЃЕ НАДВОР НА КОИ МНОГУ ГИ Е ТЕШКО“, додаде претходно Михајловски.




Слично

Поврзани вести