Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осуда за обидот за силување на кандидатка за советник во штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Осуда за обидот за силување на кандидатка за советник во штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Маж се обидел да силува кандидатка за советничка за општина Дебарца во штаб на политичка партија, a случајот го потврди и МВР. Инцидентот се случил во селото Требеништа при што лицето Ф.П.М. е пријавено дека се обидело да изврши полов напад над К.П., кандидатка за советничка за Општина Дебарца.

Според пријавата, К.П. отишла во штабот бидејќи како член на листата за советници требало да дежура и пред објектот се сретнала со Ф.П.М. со кого заедно влегле во објектот.

По околу еден час, Ф.П.М. ја фатил жената за половината и почнал да ја турка, а таа повикувала помош. Според пријавата, Ф.П.М. ја соборил К.П. на земја, почнал да ја допира по телото и да ја љуби по лицето, а се обидел и да ја соблече.

Во еден момент Ф.П.М. застанал и почнал да ѝ се извинува на жената и барал да му прости, по што ја отклучил вратата и двајцата си заминале.

ВМРО-ДПМНЕ од Дебарца го осуди обидот за силување на кандидатка за советничка. Тие ги повикаа надлежните институции да го расчистат случајот и да се преземат мерки согласно законите на Република Македонија.


Слично

Поврзани вести