Осуда за фрлената експлозивна направа од страна на СДСМ, го повикаа Чулев да ја заврши работата
Портаролот на
СДСМ, Костадин Костадинов го осуди инцидентот на фрлање експлозивна направа во
пекарата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, а истовремено го
повика министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев повеќе внимание да посвети на
неговите обврски како министер.
-Најповикан во овој случај е Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи, којшто ние имаме можност како граѓани да видиме за што навистина и како го злоупотребува МВР. Секако, имавме можност да видиме како снима видео спот за партиски цели, наместо да се грижи и да се занимава со она што значи обврска како министер за внатрешни работи, изјави партискиот портпарол.
Тој додаде дека Мицкоски пушта лажна вест со тоа што го обвинува СДСМ дека стои зад настанот.
-Уште еднаш ќе кажам дека станува збор за лажни вести и го повикувам Мицкоски да каже од каде му е таквата информација, дополнително затоа што сме сигурни во тоа што го кажуваме. Го повикуваме МВР да го истражи случајот и да ја потврди лажната вест на Христијан Мицкоски, истакна Костадинов.
