Економија, финансии, бизнис

Контакт

Остварена повисока просечна оценка оваа година на државната матура

Остварена повисока просечна оценка оваа година на државната матура

Министерката за образование Весна Јаневска објави дека просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3.69.

Тоа е просекот од вкупните резултати од јунскиот испитен рок во кој пријавени за полагање биле 15 004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, уметничко) и на сите наставни јазици. 

Јаневска изрази задоволство што успехот е поголем од минатата година кога просечна оценка била 3.26 и од тоа што, како што рече, немало голем број препишувања. Како што рече, 172 матуранти се обиделе да препишат и да го „надмудрат“ системот. Биле поднесени 507 приговори по сите предмети.

Мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски и српски), кој е задолжителен за сите матуранти, се полагаше на 31 мај, а вториот испит, кој е изборен за учениците, беше на 11 јуни.



Слично

Поврзани вести