Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оставката на Заев ќе се ефектуира наскоро, велат од неговиот кабинет

Оставката на Заев ќе се ефектуира наскоро, велат од неговиот кабинет

Премиерот Зоран Заев нема намера да чека до декември, туку оставката ќе се ефектуира наскоро, велат од неговиот кабинет. 

Оттаму додаваат дека оставката е јасен чин на преземање одговорност.  Посочуваат дека во тек се консултации низ кои, органите на партијата, како и коалиционите партнери, со целосна поддршка од премиерот Заев, работат на решенија и одлуки со кои парламентарното мнозинство се одржува стабилно, а со цел обезбедување Влада која го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата.

Заев во неделата најави дека се повлекува од премиерската и од функцијата лидер на СДСМ, поради исходот од локалните избори, на кои претрпеа пораз. 
И во регионот, се зборува за неговата оставка. Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека Заев е разочаран затоа што Македонија не почна преговори со ЕУ. Во Бугарија, враќањето на ВМРО-ДПМНЕ кои имаа успех на овие локални избори, го сметаат за лош знак. 

Слично

Поврзани вести