Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСТАНУВААТ ЛИ ВО ПРИТВОР: Кои се аргументите на Јанакиески и Божиновски

ОСТАНУВААТ ЛИ ВО ПРИТВОР: Кои се аргументите на Јанакиески и Божиновски

Во Апелациoниот суд денеска треба да се одржи јавна седница на која поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски ќе бараат да им се укине притворот.

Се бара судот да ги земе предвид фактите на одбраната на Јанакиески и на Божиновски, и да донесе решение „во кое ќе ги отфрли одлуките за нивен притвор базирани врз фингирана службена белешка од УБК, класифицирана како строго доверливо“.

„Прво, во отсуство, без воопшто да се овозможи да се произнесат на нејавни седници се ставени во притвор. Одбраната ниту се има произнесено, ниту сме запознаени со докaзот. Не постоел никаков посредник, ниту се барало амнестија од Иванов“, вели Боро Тасевски, адвокат на Јанакиески и Божиновски.

Јанакиески и Божиноски втора недела се во притвор во истражниот затвор „Скопје“, по барање на СЈО поради наводен план за бегство. Тие притворот го добија како обвинети во случајот „Титаник“, односно за изборните нерегуларности во 2011 и 2013 година.


Слично

Поврзани вести