Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСТАНУВА ЗАД РЕШЕТКИ И ПОНАТАМУ: Зошто апелација ја одби жалбата на Катица Јанева

ОСТАНУВА ЗАД РЕШЕТКИ И ПОНАТАМУ: Зошто апелација ја одби жалбата на Катица Јанева

Апелациониот суд во Скопје донесе одлука дека поранешнaта шефица на Специјалното обвинителство во земјава, која е осомничена за аферата „Рекет“,

Катица Јанева, ќе остане во притвор.

Второстепениот суд не ги прифати жалбите на нејзините адвокати и го наведе ризикот за бегство како причина. Другите две причини - повторување на делото и влијание врз сведоците - беа отфрлени откако Јанева беше разрешена од шеф на Специјалното јавно обвинителство.

Покрај Јанева, македонскиот шоумен Бојан Јовановски - Боки 13 остана во притвор во Шутка, додека второосомничениот бизнисмен Зоран Милески беше пуштен во куќен притвор.

Јанева е осомничена за злоупотреба на службените овластувања дозволувајќи му на скопскиот бизнисмен Јордан Камчев да се брани и да го ослободи од притвор, за што Камчев на Јовановски и на Милески му платил рекет од 1,5 милиони евра.

Јанева беше уапсена еден месец по приведувањето на Јовановски и Милески, откако италијанскиот весник „Ла Верита“ објави прислушувани разговори меѓу Јовановски и Камчев, во кои се слушна гласот на Јанева, обраќајќи му се на Камчев велејќи му да не се грижи и дека се ќе биде океј.

Слично

Поврзани вести